WE
KNOW
TRANSPORT

WE TRANSPORT

ПАТЕН, ЖЕЛЕЗНИЧКИ, БРОДСКИ, АВИОНСКИ

Ви требаат транспортни и логистички услуги? Имаме решение за сите ваши потреби.
Од патен, железнички, бродски и воздушен транспорт. Гарантираме сигурна,
брза и безбедна испорака низ целиот свет.

Патен Транспорт

Вршиме компетентен, навремен и безбеден патен транспорт во Европа и пошироко. Оперираме со над 900 транспортни возила за конвенционален и специјализиран транспорт, контејнерски транспорт, транспорт со контролирана температура, возила за наменски транспорт…

 

  • Поединечен транспорт
  • Збирен транспорт
  • Полн и делумен утовар на роба
  • Вонгабаритен транспорт
  • Специјален превоз
  • Транспорт од врата до врата
  • Следење на транспорт од утовар до испорака

Железнички Транспорт

Превозот на стоки со ВОЗ може да биде атрактивна алтернатива. Затоа, Sim Mil Solution нуди широк спектар на решенија за железничка логистика. Железничкиот транспорт ги надополнува нашите операции на патен транспорт и го олеснува интелигентното здружување на транспортните услуги со цел намалување на трошоците и унапредување на ефикасноста при транспортот.

Бродски Транспорт

Sim Mil Solution организира најекономичен и безбеден поморски и речен транспорт на стока преку широката мрежа партнери за бродски транспорт, логистика и пристаништа.

 

Нашата услуга вклучува:

 

  • Консалтинг – изработка на план за организација на целиот процес на транспорт
  • Booking – Закуп (резервација на бродски простор за превоз по море и река)
  • Организација на утовар, истовар и претовар во директна и индиректна манипулација
  • Обезбедување на отворен и затворен простор за складирање
  • Контејнерски транспорт на стоки од врата до врата
  • Ангажирање на контролни куќи, по барање на клиентот
  • Следење и позиционирање на пловните објекти

Авионски Транспорт

За специфични потреби Sim Mil Solution нуди и авионски транспорт и изработка на план за организација на целиот процес на транспорт, аеродром до аеродром и врата до врата за испорака на пратки и стока за правни и физички лица (документи, мали и големи пратки, специфичен транспорт, итни испораки и др.) по најконкурентни цени на пазарот.

WE DO

LOGISTICS &
BROKERAGE

Логистика и Посредување

Mодерниот транспорт и логистика е повеќе од функционална размена на стоки и информации. Како логистички провајдер на комплетна услуга, Sim Mil Solution дизајнира решенија за целиот ПРОЦЕС при транспорт (од организирање и следење поединечни мали пратки до гломазни транспортни операции кои вклучуваат голем број различни транспортни средства, опрема за утовар, логистика и обезбедување).

 

  • следење и координација на транспортните процеси и средства
  • обезбедуваме соодветен складишен простор по транспорт (царински и безцарински) по најповолни услови
  • посредуваме при осигурување на транспортот
  • посредуваме при царинење и обезбедување документација

WE
CONSULT

Консултантски Услуги

Во светот на транспортот не постојат две идентични решенија, секој клиент има специфични карактеристики и потреби. Експертите од Sim Mil Solution кројат уникатни, ефикасни и иновативни решенија за секој транспорт или логистичка задача со цел оптимизација на процесите и намалување на трошоците.

 

Пружаме консултантски услуги кои се однесуваат на еднократни решенија за потребите на клиентите или на долгорочно системско решавање на операциите во компанијата.

 

Имаме решенија за секој сегмент од областа на транспортот и логистиката.

TRANSPORT - LOGISTIC - CONSULTING

WE
KNOW
TRANSPORT

WHO WE are...

Sim Mil Solution е One Stop Shop компанија (сите услуги на едно место) од областа на транспорт и логистика. Во изминатите 16 години успешно реализиравме повеќе од 40 000 транспортни и логистички операции ширум светот за интернационални и локални компании. Ги покриваме сите видови транспорт на копно, вода и воздух како и сите видови логистички операции поврзани со подготовка на транспортна документација, цариснски документи, утовар, ускладишување, ускладишување по транспорт, осигурување…

 

Покрај услугите поврзани со оперативните задачи во транспортот и логистиката нудиме и консултантски услуги Креирање уникатни решенија по мерка на клиентот и неговите специфични потреби.

 

Транспортот е крвотокот на секоја економија и подлежи на постојани прилагодувања условени од динамиката на глобалните промени. Затоа компаниите имаат потреба од стабилен и сигурен партнер кој е подготвен да одговори на сите предизвици.

WE KNOW TRANSPORT

Sim-Mil Solution Logo

КЛИЕНТИ И ПАРТНЕРИ

Developed by Optimized